Услови и правила

УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА  ВО КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ  НА ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА www.market.com.mk НА КИНЕТИК ГРУП ДООЕЛ Скопје

 

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

                Кинетик груп ДООЕЛ Скопје, во рамките на својата деловна политика на приватност се обврзува на заштита на информациите и податоците на своите клиенти корисници на веб страната  www.market.com.mk и поддомените, но доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни,  не превзема никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

                Со Политиката за Заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци.

                Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна www.market.com.mk изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.

 

УСЛОВИ И ПРАВИЛА

Овие општи услови и правила се однесуваат на користење на веб сајтот www.market.com.mk  исклучително за достава на производи на подрачјето на Република  Македонија.

Веб сајтот како и останатите услуги на Интернет продавницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје (купување на производи со достава преку Интернет продавница) може да се користи за Ваша приватна употреба без дополнителни трошоци, а во согласност со подоле прикажаните Услови и Правила.

Со користење на интернет продавницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје се обврзувате да ги почитувате наредните Услови и Правила.

ПОСТАПКА И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Постапката и условите на купување на производи преку Интернет продавницата www.market.com.mk се дефинирани преку следните етапи: регистрација, нарачка, плаќање, достава, поврат/рекламација на производи.

РЕГИСТРАЦИЈА

Регистрација на веб сајтот www.market.com.mk е дозволена на лица со возраст од над 14 години. Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје нема да ги обработува податоците на лица под 14 години.

Купувачот е одговорен за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата.

Доколку дојде до било какви промени на податоците кои се внесени при регистрацијата, Ве молиме во најкраток рок да ја извршите промената на Вашиот кориснички профил.

Доставувач на производите е Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје ,ул. Бихаќка бр.10 лок 18 Скопје, кој преку Интернет продавницата овозможува купување на целокупниот асортиман кој се наоѓа во неговата понуда.

Купувач се смета секое лице кое ќе се регистрира и електронски ќе нарача барем еден производ, ќе ги пополни бараните податоци и ќе ги прати преку Интернет продавницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје - www.market.com.mk.

Сите цени прикажани на веб сајтот www.market.com.mk се со вклучен ДДВ.

НАРАЧКА НА ПРОИЗВОДИ

Производите се нарачуваат по електронски пат. Со притискање на копчето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА”, одбраните производи се додаваат во потрошувачката кошничка.

Производите се сметаат за нарачани во моментот кога потрошувачот ќе го пројде целокупниот процес на нарачка кој се состои во неколку чекори:

Чекор 1: се внесува количината на производ кој сакате да го купите, потоа со притискање на копчето “ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА„ истиот се пренесува во вашата кошничка и производот е спремен за купување

Чекор 2: Се избира датум за достава на нарачаните производите. Исто така во местото за коментар можете да оставите дополнителни информации кои би помогнале за поефикасно работење и достава на Вашите производи.

Чекор 3: Се одбележува квадратчето дека се согласувате со Условите и Правилата на Интернет Продавницата www.market.com.mk, потоа со притискање на копчето “ЧЕКИРАЈ” се продолжува кон следниот чекор

Чекор 4:Во следниот чекор се избира адресата за достава на производите. Исто така може да се избере и нова адреса која е различна од таа која што сте ја внесле при активација на профил. Потоа се притиска на копчето „ПРОДОЛЖИ“.

Чекор 5: На следниот чекор се потврдуваат сите податоци од нарачката и потоа се притиска на „ПОТВРДИ“ и се продолжува кон страната на Интернационален Картичен Систем КАСИС каде се врши внесување на податоците од платежната картичка од која што ќе се врши плаќањето.

Откако ќе се внесат податоците и ќе се изврши плаќањето, на е-маил-от кој што се го внесле при регистрацијата како потрошувач, ќе добиете потврда дека нарачката е примена од страна на Интернет продавницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје.

Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје се обврзува дека ќе ги испорача сите нарачани производи. Доколку, од било која причина Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје не е во можност да испорача некој од нарачаните производи, купувачот ќе биде исконтактиран по телефон или е-маил, заради евентуална негова замена или откажување на нарачаниот производ. Сите останати производи ќе бидат испорачани.

ПАКУВАЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА  НА ПРОИЗВОДИТЕ

Нарачаните производи ќе бидат спакувани и дистрибуирани на начин што ќе овозможи сигурна достава до купувачот без можност за нивно оштетување. Купувачот е должен при преземање на производите да ја провери нивната исправност, и за секое евентуално оштетување веднаш да рекламира кај нашиот дистрибутер кој ја донел робата, како и да одбие да го прими тој производ на кој што има видливи оштетувања. Исто правило важи и за производи со евентуално изминат  рок на употреба.

Проверката на исправноста на нарачката ја врши купувачот при преземање на робата, накнадни рекламации не се прифаќаат.

ПЛАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Купувачот се обврзува нарачаните производи да ги плати преку еден од следните начини на плаќање:

- со кредитна или дебитна картичка исклучиво преку Интернет продавницата www.market.com.mk

- вирмански преку трансакциска сметка (правни лица) – испорака после извршена уплата

Трошок за достава не се наплатува, а минимална вредност за нарачка изнесува 1.000,00 ден

ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ ПРИ ТРАНСАКЦИЈА

Кинетик Груп ДООЕЛ се обврзува да ја чува приватноста на податоците на своите клиенти- купувачи

Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежната картичка се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протокол, кој е во моменотот најсовремен систем за заштита на податоци.

Сигурноста на податоците при купување, ја гарантира платежниот процесинг центар на Casys (http://www.casys.com.mk).Порталот користи најнова технологија за заштита на вашите податоци кој овозможува бројот на вашата картичка да се испраќа директно до банката преку сигурна конекција. Во ниту еден момент податоците од Вашата платежна картичка не се достапни во систем на Интернет Продавницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје.

ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Сите нарачки ги доставуваме со сопствени возила секој работен ден од 10:00 до 20:00часот, а во сабота од 10:00 до 15:00. Доставата за Скопје е можна најрано следниот ден од денот на нарачката, а можете да резервирате термин за достава и до 7 дена однапред.

Сите нарачки направени за достава во останатите градови (освен Скопје), ќе бидат дистрибуирани преку наши партнери во рок од 24-36 часа. Трошоците за транспорт на нарачката за сите градови (освен Скопје), паѓаат на товар на Купувачот.

ПОВРАТ/РЕКЛАМАЦИЈА НА ПРОИЗВОД

Купувачот има право на рекламација на производ во следните случаи:

- Испорака на производи кои не се нарачани

- Испорака на производи на кои им е истечен рокот на траење

- Испорака на производи кои имаат оштетување која настанала при транспорт

При прием на робата, проверка на исправноста на нарачката ја врши Купувачот. Ве молиме да ги споредите производите со производите на сметката, доколку нешто недостига веднаш да напоменете на доставувачот на производите, бидејќи дополнителни рекламации не можеме да ги уважиме.

Во случај на оправдана рекламација на производот, на купувачот ќе му биде предложено да се замени производот со друг во рок од еден ден или висината на средствата за тој производ да му бидат вратени на платежната картичката.

ИЗМЕНИ

Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје го задржува правото на измена на овие условии и правила во било кој момент, и се обврзува дека за секоја промена ќе биде јавно достапна на Интернет Продавницата www.market.com.mk на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје.

ЗАКОНСКИ ОГРАНИЧУВАЊА

Забранета е продажба на алкохолни пијалоци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалоци на лица со возраст под 14 години.  

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (148/13)

Забранета е продажба на алкохолни пијалоци во период од  21.00 до 06.00 часот наредниот ден  , во период од  01 мај до 30 септември

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (99/09)

Забранета е продажба на алкохолни пијалоци во период од  19.00 до 06.00 часот наредниот ден  , во период од  01 октомври до 30 април

Согласно со измени во Законот за трговија, објавен во сл.весник  (88/08)

 

СИГУРНОСТ

При регистрација на веб сајтот www.market.com.mk ,ќе треба да креирате лозинка која треба да ја задржите само за Вас и да не ја делите со други особи.  Одговорни сте за сите акции и нарачки кои се порачани од вашиот профил. Доколку знаете или доколку се сомневате дека некој друг ја знае Вашата лозинка, Ве молиме истата да ја промените во најскоро време или обратете се на е-маил-от info@market.com.mk како би ви помогнале во промена на истата.

Доколку постои било какво сомневање дека постои пропуст во сигурноста, Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје има право од Вас да побара да ја промените лозинката или има право да Ви го блокира Вашиот кориснички профил.

Сите страници на www.market.com.mk на кои се врши размена на доверливи податоци (лозинка,плаќање ...) се заштитени со употреба на SSL сигурносен протокол. Сигурносниот протокол SSL-заштитно кодирање е стандардна технологија за заштита на податоците која овозможува сигурна размена на податоци помеѓу Вашиот пребарувач и Интернет продавницата или Банката.

Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје преку www.market.com.mk користи “cookie” исклучиво како идентификатор на сесиите, односно “cookie” содржи т.н.р “session id” како би се осигурало дека за време траење на сесијата webshop го препознава и памти Вашиот пребарувач (browser).

Ние ги користиме „cookies“ со цел да ни помогнат да ги запомниме и процесираме производите во Вашата купувачка кошничка се со цел да понудиме подобра услуга кон Вас - купувачите. Преку „cookies“ не се прибираат лични податоци.

ИНТЕЛЕКТУЛНА СОПСТВЕНОСТ

Содржината во Интернет продавницата www.market.com.mk е заштитен и Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје го остварува единственото право на негово користење. За секое комерцијално користење на содржината на www.market.com.mk Интернет страницата морате претходно да стапите во контакт на info@kineticgroup.mk, info@market.com.mk

ПОВРЗАНИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ

На веб страницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје,www.market.com.mk може да има вклучено линкови на други интернет страници, каде содржината на тие страници се надвор од наша контрола и корисниците на нив пристапуваат на сопствена одговорност и ризик. Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје не одговара за содржината на тие веб страници.

Дел од интернет страницата на Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје е предвиден за маркетинг цели односно за разни огласувачи, и самите тие се одговорни за тоа содржината да биде усогласена со законските прописи. Кинетик Груп ДООЕЛ Скопје не е одговорна за било какви грешки и неправилности на маркетиншките материјали.

ЦЕНА

Цената во Вашата кошничка е Ориентациона цена. Тоа е наша проценка колку ќе изнесува Вашата нарачка кога ќе Ви ја доставиме сo нарачаните производи. Меѓутоа истата може да се разликува минимално во зависност од производите кои Ви се испорачани. Тоа посебно се однесува во делот на спакуваните производи со различна грамажа (пр.Овошје и Зеленчук, Сувомеснати производи, млечен програм, замрзнат програм итн.)

Во текот на нарачката не може да се одреди точната грамажа на производите кои што се на мерење. Од таа причина за одредени производи, во моментот Ви резервираме средства за 500 гр или за 1 кг (во зависност од видот на производот – цената е јасно наведена за колкава грамажа станува збор), но во текот на припремата на нарачката се одредува точниот износ и истиот се наплатува од Вашата платежна картичка. Разликата помеѓу реалната сума и претходно резервираната сума се враќа на Вашата платежна картичка.